Nikola Coach | Fitness Trainer

Подготви се за најдобрата промена до сега!

Сакаш трансформација, тренинг и исхрана според твоите потреби? На вистинско место си! Пријави се за online менторство и започни го твоето фитнес патување.

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ТРЕНИНГ

Добивате програма за тренинг според вашите потреби и степенот на опрема која ја поседувате во теретана/дома, точен број на серии и повторувања, видео снимка од правилно изведување на вежбите.

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

Добивате план за исхрана со точно определен внес на макронутриенти ( протеини, масти и јагленихидрати) на дневно ниво, едноставен и лесен за следење.

ПЛАН ЗА СУПЛЕМЕНТАЦИЈА

Суплементацијата не е задолжителна, но поради подобри перформанси на тренингот и подобра регенерација на организмот, добивате препорака од неколку есенцијални суплементи, од кои ќе имате придобивки.

СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОК

Еднаш неделно испраќате 3 фотографии, мерки од обеми на одредени делови од телото и килажа. Врз основа на овие параметри, доколку има потреба се врши корекција на програмите за тренинг и исхрана.

ПОДДРШКА НА ПАТОТ ДО ПРОМЕНА

Тешките моменти се составен дел од секој процес, ќе ви покажам како да ги надминете тие моменти во текот на соработката, да извлечете поука од нив и да станете посилни.

ПРОБЛЕМ СО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО, ХОРМОНАЛЕН ДИСБАЛАНС-

Доколку имате одредена деформација на р’бетниот столб ( кифоза, сколиоза, лордоза), добивате корективни вежби за исправување на кичмата.

Никола Coach

Пред 8 години започнав и самиот да чекорам низ водите на фитнесот и да спознавам многу работи во областа на правилна и избалансирана исхрана, програмирање на тренинг и пред се водење на здрав начин на живот и размислување. Најголемата поткрепа и мотивација за да бидам уште подобар ја добивам од задоволните клиенти кои стојат зад мене и на кои имам помогнато да ги поместат сопствените граници и секоја потешкотија која доаѓа со процесот.

Успехот на секој клиент е и мој успех. Своето знаење го градев постепено со текот на годините и се уште го градам, но спремен сум да го пренесам на вас и да ви овозможам полесен пат за совладување на препреките со кои и самиот сум се среќавал и да ви покажам како полесно да ја достигнете вашата цел.

Персонализирана програма за тренинг

При изработка на програмите, во прилог ги земам вашите години, физичките ограничувања, достапност на опрема, начин на живот, физичка подготвеност и здравствените проблеми доколку постојат.

  • Видео објаснување од вежбите
  • Проверка и корекција на начинот на изведување на вежбите
  • Тренинзите се прилагодени според вашата цел
img
img

Персонализирана програма за исхрана

Планот за исхрана е изработен според вашите потреби и вашата цел, едноставен и лесен за следење.

  • Упатство за брза подготовка на храната
  • Разновидни оброци кои нема да ти здосадат
  • Точно одреден внес на калории и макронутриенти

Ценовник

01

ONLINE Менторство

1 месец – 3000 денари

Погодно за оние кои сакаат да внесат промена во својот начин на живот, да се запознаат со основите на правилно вежбање и со поимот избалансирана исхрана.

  • Индивидуална програма за тренинг
  • Индивидуален план за исхрана
  • Неделни корекции на програмите за тренинг и исхрана
  • Контакт 24/7
  • Корегирање на техниката на изведувањето на вежбите преку видео снимка
  • Совети за користење на суплементација
  • Загарантирана приватност
02

ONLINE Менторство

3 месеци – 7500 денари

Погодно за оние кои сакаат да внесат промена во својот начин на живот, да се запознаат со основите на правилно вежбање и со поимот избалансирана исхрана.

  • Индивидуална програма за тренинг
  • Индивидуален план за исхрана
  • Неделни корекции на програмите за тренинг и исхрана
  • Контакт 24/7
  • Корегирање на техниката на изведувањето на вежбите преку видео снимка
  • Совети за користење на суплементација
  • Загарантирана приватност
03

Персонални тренинзи

1 месец (12 тренинзи)
– 7000 денари

Погодно за оние кои сакаат да постигнат трансформација и се упорни на патот кон целта.

  • 3 пати неделно индивидуални тренинзи во теретана
  • Индивидуален план за исхрана
  • Месечна чланарина во теретана
  • Совети за користење на суплементација
  • Решавање на конкретни проблеми без нарушување на здравјето
  • Неделно следење на прогресот
  • Усовршување на техниката за правилно изведување на вежбите

Трансформации

Еве што кажуваат моите клиенти, нивните зборови значат повеќе од моите:

Клиент transformation

Клиент

10 МЕСЕЦИ ПЕРСОНАЛНИ ТРЕНИНЗИ


Решени озбилни постурални проблеми и асиметрија, зголемена мускулна маса, подобро здравје и енергија.

Клиент transformation

Клиент

Започнавме да тренираме 4 месеци после породување, трениравме претпазливо, со добар избор на вежби, прилагодени според состојбата на клиентот.


Ослабнавме 7кг, без гладување, 4 квалитетни оброка во текот на денот, нутритивно богати.

Клиент transformation

Клиент

Мојата најголема придобивка од персонализираните тренинзи со Никола е што сфатив дека вежбањето е начин на живот, а не еднократна задача која треба да се изврши.


Процесот ми стана многу поприоритетен од самите визуелни резултати, бидејќи тој процес ме научи да се хранам избалансирано, да сфатам дека технички исправно изведување на вежбите е многу поважно од изведување со максимална тежина, после секој тренинг да се чуствувам како после добиена битка на сам со себе.

Клиент transformation

Клиент

Еден од најдисциплинирани клиенти, кој многу озбилно пристапи до програмот.

Имавме за цел да ги симнеме вишокот на масти и да стекнеме здрави навики, што на крајот и го остваривме тоа.


Тренинг во домашни услови, со минимална опрема (шипка и тегови), избалансирана исхрана и манипулација со макронутриенти, допринесоа за ваков резултат.

Никола И. transformation

Никола И.

Време е да ставам и една моја трансформација. Направена е во период од 5 месеци, на сликите има разлика од 7кг.


После долг период поминат во работа со клиенти и посветеност во таа сфера, најмалку време одвојував за мене и мојот изглед.


Поради тоа решив да направам промена и секако да покажам како треба да изгледа еден тренер, бидејќи сметам дека еден тренер треба да биде пример за дисциплина, изглед, а секако и мотивација за своите клиенти!

задоволни клеинти
години искуство

Пријави се